Учество на ЦБМЗ на регионалниот младински форум „EUth Negotiators of the Future“ во Подгорица

Од 1 до 3 октомври 2026 година, Зорица Спировска, програмски асистент во Центарот за безбедност и ментално здравје (ЦБМЗ), учествуваше на регионалниот младински форум „EUth Negotiators of the Future“, одржан во Подгорица, Црна Гора.
Форумот беше организиран од Strategers Institute, во соработка со Partners Albania for Change and Development, Centar za omladinsku edukaciju од Црна Гора и ReSPA.
Настанот беше посветен на улогата на младите во процесот на европска интеграција, со посебен акцент на пристапните преговори со Европската Унија, регионалната соработка и можностите за поголемо младинско учество во процесите на донесување одлуки.
Преку тематски дискусии, групна работа и симулација на преговори, учесниците имаа можност да разменат искуства и да се запознаат со различни пристапи кон прашањата поврзани со европската интеграција.
Учеството на вакви регионални настани е дел од заложбите на ЦБМЗ за професионален развој на својот тим, размена на знаења и следење на иницијативи што го поттикнуваат активното учество на младите во општествените процеси.


Comments